Војната во Украина доведе до големи зголемувања во сите сектори, а земјоделците во Германија стравуваат за житните култури.
Ако продолжи вака, Здружението на фармери во Германија најави дека лебот наскоро би можел да чини и до 10 евра, пишува Fenix Magazine.
Томас Боде, пекар од германската сојузна покраина Тирингија, за „Фокус онлајн“ изјави дека неодамна морал да ги зголеми цените на своите производи за околу 20 отсто поради зголемените трошоци. Обично, трошоците за производство, вклучувајќи ги и трошоците за работна сила, го сочинуваат најголемиот дел од цената. Сега, според Боде, тоа веќе е променето.
„Трошоците за суровини и енергија сега се на исто ниво со трошоците за производство“, изјави тој за Фокус онлајн.
Сега, за да им овозможи на сите, без разлика на нивната финансиска состојба да купуваат пекарски производи Боде на своите клиенти им нуди леб од претходниот ден по половина цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.