Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое фрлаат молотов коктел врз руски тенк – од автомобил во движење.

Зад барикадите поставени за неколку дена , жителите на главниот град на Украина уверуваа дека „ќе му одржат лекција на непријателот“.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое женска рака фрла молотов коктел од автомобил во движење врз тенк додека минува покрај него.

Ова е кул. Руси, дали сте сигурни дека сакате војна со оваа нација?

Во еден момент се гледа дека пламените јазици го зафатиле и ракавот на личноста која го фрлила, но таа само го истресе ракавот го изгасна огнот на јакната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.