Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, додека зборуваше заедно со својот германски колега Кристијан Линднер на состанокот на министрите за финансии на ЕУ, изјави дека Европската Унија сака финансиски да ја изолира Русија.

Ќе бидат погодени руските банки. Сакаме да ја изолираме Русија финансиски. Сакаме да ги прекинеме сите врски меѓу Русија и глобалниот финансиски систем – изјави Ле Мер.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја повика меѓународната заедница да стори повеќе, нагласувајќи дека санкциите објавени досега не се доволни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.