Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии.

Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени.

Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап.

Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција.

Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.

Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив – изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.