Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека за преговори со Москва неопходно е Русија да ги повлече војниците на линијата од пред 24 февруари, претставува апсолутно несериозен пристап, смета рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Тој тврди дека изјавата на Зеленски е целосно спротивна на иницијативите што на 29 март во Турција ги изнесе украинската делегација.
Околу шансите за состанок меѓу претседателите на Русија и Украина, според Лавров, неопходно е прво да се обнови работата на рускиот и украинскиот преговарачки тим. Како што додаде Лавров, „топката е на страната на Киев”.
Лавров е во официјална посета на Анкара, на средба со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Планирано е да се разговара за билатералните односи, како и ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и за Црно Море. Двајцата министри ќе разговараат и за моменталната ситуација за време на кризата во Украина и ќе разменат мислења за можноста повторно да се почне со мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.