Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во седиштето на ОН во Њујорк, обвини дека Западот „директно се бори“ против Русија во Украина.

Можете тоа да го наречете како сакате, но тие (Западот) се борат против нас, тие се борат директно против нас“, кажа Лавров на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН.

Лавров додаде дека тоа е хибридна војна, која ја менува реалноста.

Тие де факто се борат против нас користејќи ги Украинците како топовско месо. Мислам дека сите овде што се заинтересирани за ситуацијата во Украина многу добро знаат дека Американците, Британците и другите се борат пред се за да продадат се повеќе и повеќе оружје, изјави изјави шефот на руската дипломатија.

САД и европските земји кои испорачуваа системи за вооружување на Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година, инсистираат на тоа дека не се во војна со Москва, туку и помагаат на Украина да се одбрани.

Лавров предупреди дека е во „заеднички интерес да се избегне спирала на војна од големи размери и да се спречи конечниот колапс на механизмите за меѓународна соработка поставени во ОН“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.