Официјална Москва ги повика Обединетите нации, кои го спонзорираа договорот за обновување на извозот на украинско жито, да помогнат во исполнувањето на делови од договорот кои се однесуваат на олеснување на извозот на руска храна и ѓубрива.

Договорот истекува на 19 ноември и Москва јасно стави до знаење дека не верува дека е направено доволно за да може да ги извезува своите големи резерви на храна и ѓубрива и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина.

Русија го прекина учеството во иницијативата поради нападот во Севастопол, но се врати на договорот, обезбедувајќи малку за возврат и ветувајќи дека нема да ги блокира пратките од Украина доколку повторно се повлече.

И натаму не гледаме никакви резултати во однос на вториот аспект: отстранување на пречките за извоз на руско ѓубриво и жито. Уште еднаш го повикавме генералниот секретар на ОН да ги исполни обврските на кои се согласи самоиницијативно, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Аман.

Лавров истакна дека ситуацијата треба да се реши „во многу блиска иднина“.

Во блиска иднина треба да се преземат најсериозни чекори за да се одржи договорот, особено во вториот дел, бидејќи количината на ѓубриво и жито што се извезува од Русија е неспоредливо поголема од онаа од Украина, порача Лавров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.