Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди т германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Cеверна Кореја, но и во делови од Европа.

И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.

Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.

Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.