Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека благодарение на усогласувањето на визната политика со ЕУ, бројот на илегални мигранти од регионот на Западен Балкан е намален за четвртина.

Таа посочи дека во последниот месец „многу е направено“ на Западен Балкан кога станува збор за визната хармонизација со ЕУ.

„Партнерите од Западен Балкан презедоа големи чекори за усогласување на нивната визна политика со визната политика на Европската Унија. Како резултат на тоа, од почетокот на оваа година видовме намалување од 25 отсто на ирегуларни преминувања од тој регион, главно поради тоа усогласување“, изјави фон дер Лајен на крајот од дводневниот самит на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.