Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал своја компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар.

Компанијата се вика „SK Management GmbH“, а седиштето и е во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која Курц е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму.

Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент“.

Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот Доналд Трамп и инвеститор Питер Тиел, каде неговиот годишен приход може да надмине 500.000 евра.

Кронен Цајтунг“ наведува дека и покрај работата во САД, на Курц му е потребна сопствена компанија за други деловни потфати, како на пример ако сака да инвестира во стартапи или да заработи пари од платени предавања.

Во октомври 2021 година, Себастијан Курц поднесе оставка како канцелар поради антикорупциска истрага, а во декември го објави своето конечно повлекување од политиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.