САД планираат нови санкции против Русија во случај на ескалација на ситуацијата во Украина. Тие се однесуваат на ограничувањата на извозот на суровини и оружје и ограничувања на дипломатските контакти, пишува „Билд“, повикувајќи се на сопствени извори.

Според весникот, планот за санкции, претставен во Берлин, го подготвил шефот на ЦИА, Вилијам Барнс. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им го „објаснил“ планот на западните сојузници. Станува збор за „блокирање на руските трговски патишта низ светот“, блокирање на снабдувањето со суровини од Русија, „прекин на патиштата за снабдување“ и „драстично намалување на персоналот на руските амбасади во западните земји“.

Очекуваната економска штета за Русија од воведувањето на овие санкции се очекува да достигне 50 милијарди долари, објави „Билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.