Украина ќе продолжи да го притиска западот да воведе ембарго на руските нафта и гас, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба пред денешното обраќање до 30-те членки на НАТО, додека Европската Унија вети петти пакет санкции за Русија до утре.
Ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго на нафта и гас. Мислам дека договорот што го нуди Украина е фер: дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи, а војната ќе остане во рамките на Украина, изјави Кулеба.
Тој особено ја повика Германија да забрза со испораките на оружје во Украина, барајќи авиони, противвоздушни и антибродски системи, проектили и оклопни возила.
Има три точки во мојата агенда кога ќе разговарам со сојузниците; оружје, оружје и оружје. Не правиме разлика помеѓу дефанзивно и офанзивно оружје, секое оружје може да се искористи за одбрана на Украина, дециден е Кулеба.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хосеп Борел, вчера призна дека од почетокот на инвазијата, Брисел ѝ платил 35 милијарди евра на Русија за енергенсите, а на Украина ѝ дал воена помош од само една милијарда евра. Руската компанија „Газпром“ потврди дека ќе продолжи со испораките на природниот гас во Европа, согласно барањата на муштериите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.