Федералната казнена и поправна служба на Русија испрати комисија во казнената колонија на Јамал за да ги истражи околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се вели во соопштението на таа служба.
„Поради ненадејната смрт на осуденикот Алексеј Навални во затворот ИК-3 во автономниот регион Јамало-Ненец, е испратена комисија до територијалната власт и институцијата “, се наведува во соопштението
Руската затворска управа објави дека починал критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални, јави Sky News.
Навални почина во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, соопшти во петокот регионалниот оддел на Федералната казнена служба, пренесува РИА Новости.
На 16 февруари годинава, во воспитно-поправниот дом бр.3, осудениот Навални А.А. се чувствуваше лошо по прошетката, губејќи свест речиси веднаш. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на итната медицинска помош“, се вели во соопштението.
Направени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденикот. Причините за смртта се утврдуваат“, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.