Кремљ објави дека во Украина се гаѓале само воени цели ули цели поврзани со воената инфраструктура или воените сили на Украина, по обвинувањата дека руски напад уништил ресторан во Краматорск на истокот од земјата, при што десетици луѓе загинале или се ранети.
Русија не е насочена кон цивилна инфраструктура, таа ги погодува инсталациите поврзани на еден или друг начин со воената инфраструктура, изјави портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.
Претходно, украинската служба за итни случаи соопшти дека најмалку десет лица загинале, а 61 се ранети во рускиот напад кога беше погоден ресторан во Краматорск на истокот на Украина.
Во моментот на ракетниот удар, во ресторанот имало голем број странци, за кои Русија вели дека се бореле на страна на украинските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.