Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болницата во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење филтрирање на воздухот беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва.

Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација.

Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи.

„Каде ќе бегаме?“
Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби таа била цел на мета. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитните“ станбени згради вознемириле некои локални жители и сликите на руски офицери на ФСБ како ги полеваат јагленосаните останки на украинските беспилотни летала на улица во Москва ги вознемирија граѓаните.

„Каде ќе бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на мрежата Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци.

Руски милионери почнаа да градат приватни засолништа
Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголема од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко распоредени.

Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна.

На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го вашето безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите дека ќе задоцните и ќе имате време да земете сè што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништата опремени со винарски визби, луксузни кујни и домашни кина.

Фото илустрација: ЕПА

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.