Британскиот крал Чарлс Трети денеска изјави дека одлучно ќе го следи примерот на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, во обраќањето пред пратениците пред парламентот, кој го окарактеризира како „жив инструмент на демократијата“.

Додека стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што не опкружува и ме потсетува на клучните традиции на Парламентот на кои се посветени членовите на двата дома за доброто на сите, рече тој во Вестминстерската сала, најстарата зграда во собранискиот комплекс.

Кралот Чарлс Трети им се заблагодари на сите за нивното сочувство за неговата неодамна почината мајка.

Како што оцени, кралицата Елизабета Втора го посветила својот живот на „служење на својата земја и народ и одржување на скапоцените принципи на уставната влада што се во срцето на нашата нација“.

Таа претставува пример за несебично извршување на должноста која со Божја помош и ваша согласност сум решен верно да ја следам, заклучи новиот британски крал.

Потоа беше интонирана британската химна, а кралот Чарлс Трети со сопругата Камила ќе замине во Единбург, каде што е изложен ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора,пренесе Блиц.рс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.