Ковид-19 придонесе за намалување на бројот на бракови и раѓања во Кина, на кои во последните години влијаеа и високите трошоци за образование и одгледување деца, објави кинеската Национална здравствена комисија.
Многу жени ги одложуваат своите планови да се омажат или да имаат деца, соопшти Комисијата, додавајќи дека брзиот економски и социјален развој довел до „длабоки промени“.
Тие посочуваат дека има одредена улога кај младите кои се преселуваат во урбаните средини и тоа што тие повеќе време поминуваат во стекнување образование или во работните средини каде се под висок притисок.
Демографите сугерираат дека бескомпромисната кинеска политика „нулта стапка на ковид“ придружена со строга контрола врз животите на луѓето може да предизвика длабока и трајна штета на нивната желба да одлучат да имаат деца.
„Коронавирусот имаше јасно влијание врз договорите за брак и раѓање деца“, наведе Комитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.