Брајант Данстон, кошаркарот кој настапува за Анадолу Ефес имаше голема среќа да помине без посериозни повреди по тешка сообраќајна несреќа во Истанбул.
Со својот автомобил, Данстон се заби под камион кој возел пред него, па предниот дел од неговото возило влезе целосно под камион. Поради оштетувањето на автомобилот Данстон бил извлечен преку задниот дел од возилото и пренесен во болница.
Изјава за турските медиуми даде и возачот на камионот.
Поминував под надвозник, а на него пишуваше дека дозволена е висина од четири метри, но закачив малку и морав да подзакочам. Контејнерот што го носев падна врз автомобилот, изјавил возачот.
Данстон поминал само со полесни повреди на раката, потврди неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.