Австрија ќе го блокира влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната додека не забележи одржливо намалување на бројот на баратели на азил, коментира министерот за надворешни работи Александар Шаленберг во интервјуто цитирано од „Politico“.

Минатата година барателите на азил во Австрија тројно се зголемија на околу 110.000, а во оваа бројка не се вклучени бегалците од Украина. Ова е највисоката бројка по глава на жител во ЕУ. Затоа министерот очекува јасно и одржливо намалување на бегалците пред да даде зелено светло за членството на двете земји во Шенген.

Шаленберг не прецизираше временска рамка за намалување на бројот на бегалци. Сепак, земјата продолжува да пријавува раст на барањата за азил, во јануари нивниот број се зголеми за 60% на годишна основа.

Шефот на дипломатијата на Австрија исто така коментира дека неговата земја е охрабрена од плановите на ЕУ за заострување на граничните контроли, но и тој сака да види вистински напредок.

„Како земја во срцето на Европа, Австрија има голема корист од Шенген и сакаме тој да функционира“, додава тој.

Главниот проблем на Австрија е всушност тоа што повеќето земји под т.н Балкански пат не ги регистрира бегалците како прва точка за влез во ЕУ. Ова ја спречува Виена да ги врати назад државјаните на трети земји кои бараат заштита, но не ги исполнуваат условите.

Во 2022-ра година бегалците во ЕУ се зголемија за 50% до 1 милион, а во оваа бројка не се вклучени бегалците од Украина.

Бегалската криза во заедницата започна уште во 2015-та година, кога некои земји од Шенген, вклучително Австрија, Германија и Франција, накратко повторно воведоа гранични контроли за да го ограничат протокот на мигранти.

Бугарија и Романија со години се борат за влез во Шенген и имаат одобрение од речиси сите членки на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент. На последното испитување на случајот нивното членство беше блокирано од Холандија, која инсистира на јасна судска реформа во Бугарија, и од Австрија.

Критичарите ги повикаа двете страни да влезат во просторот за да го зајакнат единството на заедницата во граничната контрола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.