Последниот бран на Ковид-19 во Британија ги принуди авиокомпаниите, вклучувајќи ги „Easy Jet“ и „British Airways“, да откажат стотици летови во последните неколку дена, бидејќи бројот на заболени членови на екипажот на авионите продолжува да расте.

Претходно оваа година, Англија ги укина сите ограничувања за коронавирусот, вклучително и законската обврска за самоизолација кога тестот е позитивен и потребата да се носат маски на јавни места, потсети Ројтерс.

Бројот на случаи на Ковид-19 во Велика Британија почна да расте на почетокот на минатиот месец, а до крајот на неделата на 26 март се веруваше дека едно од 13 луѓе е позитивно на коронавирусот, што е највисока бројка од пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.