Официјалнито претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека градот Северодонецк и целата територија на индустриската зона на хемиската фабрика „Азот“ се под контрола на силите на Луганската Народна Република (ЛНР).

Единиците на Народната милиција на ЛНР, со поддршка на руските трупи под команда на генералот Сергеј Суровкин, целосно ги ослободија Северодонецк и Боровскоје, како и населбите Вороново и Сиротино во Луганската Народна Република и областите на левиот брег на реката Северски Донец – информира Конашенков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.