Колумбија и Боливија заеднички ќе поднесат предлог до Комисијата за наркотични дроги на Обединетите нации за листот кока да биде отстранет од списокот на забранети супстанции и да биде прифатена традиционалната употреба на ова растение.

Колумбиската заменичка-министерка за мултилатерални прашања, Лаура Гил, изјави дека предлогот што овие две земји ќе го поднесат на седницата на Комисијата во Виена во средината на март е обид да се дестигматизираат дискусиите за проблемот со дрогата.

Боливија и Колумбија веруваат дека е дојдено време да се преиспита ова прашање. Сакаме да го отстраниме листот кока, нагласувам листот, а не кокаинот, од списокот на забранети материи“, изјави Гил.

Таа образложи дека листовите кока широко сер користат во земјите од Латинска Америка, особено меѓу домородните групи, за лекување на стомачни болки и за ублажување на висинската болест, но и за време на традиционалните церемонијални обреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.