Гласините за лошата здравствена состојба на Владимир Путин продолжуваат да ги полнат светските, пред се западните, медиуми, а се повеќе се прогнозира и кој би можел да го наследи најмоќниот човек во Русија. Според некои, на крајот, тоа би можело да биде жена.

Британските медиуми објавуваат дека Путин размислува во Парламентот да ја испрати својата помала ќерка Катерина Тиханова (35), бидејќи наводно неговата здравствена состојба е значително влошена.

Според пшишувањата, Катерина Тихонова би можела да стане нов лидер на Единствена Русија, главната политичка партија што владее со земјата. Тврдењето беше објавено на Телеграм на каналот „Генерал СВР“, кој објавува наводни разузнавачки извори од блискиот круг на Путин. Токму на овој канал неколкупати се наведува дека Путин има здравствени проблеми, па дури се споменува можноста дека Путин боледува од рак, Паркинсонова болест и/или шизофренија.

Тихонова е помладата ќерка на Путин, која ја добил со поранешната сопруга Људмила додека сè уште работел во КГБ. Јавноста многу малку знае за животот на неа и нејзината сестра Марија.

Внатрешниот круг на Путин повторно почна да зборува за потребата од консензус во раководството на Единствена Русија, кој би ги обединил и гарантирал сегашната статус кво и континуитет на моќта – се наведува на контроверзниот канал на Телеграм, каде се тврди дека авторот на пишувањата е протеран генерал-полковник од Кремљ, познат како Виктор Михајлович.

Тој тврд дека повторно активно се разговара за кандидатурата на ќерката на Путин за функцијата шеф на партијата Единствена Русија.

Морам да кажам дека во последно време, без исклучок, сите од опкружувањето на Путин ја поддржуваат оваа идеја – пишува на споменатиот канал.

Таму се додава дека кога оваа идеја била претставена минатата година, немало едногласно одобрение, но дека сега ситуацијата наводно драстично се променила.

Војната што трае со месеци создаде предуслови за тоа – се наведува на каналот.

Понатаму се тврди дека ако Путин одеднаш нема можност да ја врши својата функција, власта ќе му припадне на кардиналот Николај Патрушев (70), секретарот на рускиот Совет за безбедност, а не на технократскиот премиер Михаил Мишустин (56), кој треба да ја преземе власта според Уставот.

Сепак, според најновите тврдења, следен претседател би можел да биде синот на Патрушев, Дмитриј (44), актуелен министер за земјоделство, а Тихонова, која моментално не е во парламентот, „ќе ги влече сите конци од сенка“.

Денес Путин е единствениот гарант за стабилноста на системот, а тоа во услови на војна и циркулирање на информации за тешките болести на претседателот почнува да предизвикува големи немири кај елитата. Според тесен круг луѓе блиски до Путин, Катерина Тихонова е единствената личност која може да дејствува како гарант за стабилноста на режимот на Путин, без да биде директен наследник – се вели на каналот.

Во објавата се додава дека доколку таа е на чело на партијата и всушност раководи со Државната дума и Советот на Федерацијата, Тихонова ќе биде рамнотежа во однос на претседателот.

Генерално, Путин го поддржува системот во кој Дмитриј Патрушев е претседател, а Катерина Тихонова е господарка на системот на власт. Наскоро ќе видиме како ќе се имплементира оваа опција. Претседателот нема да може да ги одложи ваквите одлуки – се заклучува во соопштението на каналот на Телеграм.

Од официјална Москва се уште нема реакција по повод ваквите пишувања, а Путин постојано ги отфрли обвинувањата за лоша здравствена состојба со појавување во јавноста.

Врска со Зеленски?

Иако малку се знае за нејзиниот живот, неодамна во медиумите се појавија информации дека Катерина има момче кое се презива исто како и украинскиот претседател – Зеленски.

Санкциите изречени кон 35-годишната Катерина, поради специјалната воена операција што ја почна нејзиниот татко во Украина, ги прекинаа нејзините редовни летови од Москва до Минхен каде што би живеела со својот маж, при што би била придружувана од обезбедување од руската тајна служба.

Нејзиниот партнер, со кој има двегодишна ќерка, е Игор Зеленски (52), водечки професионален балетан кој до неодамна беше на чело на Баварскиот национален балет.

Претходно Катерина беше во брак со најмладиот руски милијардер, Кирил Шамалов (40).

Тие се разведоа околу 2017 година кога таа почна врска со балетската ѕвезда кој исто така беше во брак и има две ќерки и еден син со кореографката, Јана Серебрјакова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.