Странските медиуми пишуваат дека Катерина Владимировна Тихонова, ќерката на Владимир Путин, е во врска со балетан кој своето презиме го дели со украинскиот претседател, пренесува Б92.

Се шпекулира дека 35-годишната Катерина е во врска со Игор Зеленски, балетан и режисер кој до неодамна го водеше Баварскиот државен балет. Тој веројатно не е во сродство со украинскиот претседател. Информацијата ја потврдија извори на рускиот независен весник „Ај сториз“ и германски „Шпигел“. Игор минатиот минатиот месец мораше да ја напушти Баварија откако одби да ја осуди крвавата војна на Путин во Украина.

Катерина е дете од првиот брак на Путин со Људмила Александровна Очеретна. Пред да стапи во врска со Зеленски, Катерина беше во брак со најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов, а се разведоа во 2017 година. Тогаш ја започнала врската со Игор Зеленски. Но, балетанот претходно бил оженет и има две ќерки и еден син со кореографката Јана Серебрјакова.

Изворите тврдат дека Катерина редовно патувала во Минхен за да биде со Зеленски, а до оваа година наводно живеела таму со него. Тврдењата „Ај сториз“ ги поткрепува со документи кои ги докажуваат летовите на кои биле Тихонова, Зеленски, детето, дадилките и телохранителите. Од 2017 до 2019 година, наводно имало повеќе од 50 летови на релација Русија-Германија.

Документите се наоѓале во мејловите на службата за безбедност на Путин, но и на личниот телохранител на Катерина, пишува „Ај Сториз“. Детето кое се споменува во документите е наводно детето кое Катерина го добила во врска со балетанката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.