Трудница и нејзиното новороденче им подлегнаа на повредите здобиени откако Русија го бомбардираше породилното одделение каде таа требаше да се породи, јавува Асошиејтед прес. Фотографиите од Украинката која на носилка ја носат кон Брза помош го обиколија светот, а новинарите на АП ја снимија како го гали нејзиниот крвав труднички стомак додека спасувачите ја носат низ урнатините на опколениот град Мариупол.

Бремената Украинка била пренесена во друга болница, уште поблиску до бојното поле, каде лекарите се обиделе да направат сè за да ја одржат во живот. Кога сфатила дека го губи бебето, им викала на лекарите: „Убијте ме сега!“.

Хирургот Тимур Марин открил дека ѝ нејзината карлица била смачкана карлица, а колкот дислоциран. Лекарите успеале да го извадат бебето со царски рез, но за жал тоа не давало знаци на живот, изјавил хирургот за АП. Потоа се фокусирале на несреќната мајка.

Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултат. Двете починаа, рече Марин.

Во хаосот по рускиот воздушен напад, лекарите не можеле да го дознаат името на жената пред нејзиниот сопруг и татко да дојдат да го земат телото од болница. Барем некој дошол по неа, рекле од болницата – за да не заврши во масовните гробници кои се копаат за сè поголемиот број мртви во Мариупол, пренесува АП.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.