Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.
Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште. Полицискиот час ќе биде во сила до седум часот на 17 март, напиша Кличко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.