Две станбени згради денеска се погодени во руски напад врз Киев, изјави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Според британските меидуми, најмалку две експлозии одекнале во Киев, а над градот се издигнал чад.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Твитер објави дека на обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на лидерите на Групата 20 на Бали, руските сили одговориле со нов ракетен напад врз украинскиот главен град.
-Дали некој сериозно мисли дека Киев навистина сака мир? Тие сакаат послушност. Но, на крајот на денот, терористите секогаш губат, рече Јермак.
Експлозиите се случија по предупредувањата за воздушан опасност низ Украина, што следеа само неколку часа по обраќањето на Зеленски.
На самитот на Г-20 во Индонезија, Зеленски ги повика најголемите светски економии да го зајакнат своето лидерство и да ја запрат војната во неговата земја во согласност со мировниот план од десет точки за мирно решение на конфликтот со Русија, што тој го предложи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.