За време на руската инвазија врз Украина во главниот град Киев загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Тој истакна дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.

Украина ја врати контролата врз западниот град Макариов, тврди киевскиот градоначалник.

Кличко разговараше со новинарите во Киев на отворено, додека зад него се слушаа експлозии и истрели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.