Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, за украинската државна телевизија изјави дека главниот град на Украина се соочува со можни прекини на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските удари.

Жителите на главниот град треба да подготват залихи и да размислат за привремено иселување, изјави Кличко.

Тој го опиша тоа како најлошото можно сценарио.

Правиме сè што можеме за да се осигураме да не дојдат до ова. Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават сè што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода, накратко, сите да умреме, изјави Кличко.

Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница по неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да падне топлинската мрежа.

Кличко, кој е поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација.

На Путин не му требаме ние Украинците, му треба регионот, му треба Украина без нас, изјави Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.