Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, порача дека следната грејна сезона температурата во домовите во градот ќе биде под нормалата и ќе изнесува 18-19 степени.

Барам сите да подготват топла домашна облека, топли ќебиња, бидејќи не ја исклучуваме можноста температурата во куќите да биде неколку степени под нормалата. Нормата е 21 степен, а можеби ќе биде 19 или 18 – порача Кличко, пренесува порталот „Бабељ“.

Киевскиот градоначалник додаде дека не се исклучува можноста за терористички напади, како и напади на бензински пумпи.

Го разгледуваме и ова сценарио – изјави Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.