Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека состојбата во гардот останува тензична.

Кличко ги предупреди граѓаните дека голем број тенкови се приближуваат кон главниот град на Украина од правец на Белорусија.

Ситуацијата е тензична. Додека се подготвуваме, голем број тенкови доаѓаат од исток, од Белорусија. Нашите момци исто така се подготвуваат да не бранат … Можам да кажам дека сум горд што сум Украинец и овие напори што ги преземаат нашите момци се напори на силна волја, што го покажува нашиот украински карактер. Нашите момци покажуваат неверојатни способности во одбивањето на нападите на Киев. Денес, целта на Русите е нашиот главен град – изјави Кличко.

Тој додаде дека извршил контрола на контролните пунктови кои сега се подготвуваат за соочување со непријателот.

И јас сум изненаден што луѓе кои никогаш во животот не носеле оружје, лекари, театарски актери, сега го прават тоа и велат дека ќе ги браниме нашите домови и ќе ја браниме нашата земја и нашиот град. Никогаш не сум видел таков патриотски подем во која било земја – изјави Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.