Две третини од жителите на Киев, кои го напуштија градот на почетокот од војната со Русија, веќе се вратија дома, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Луѓе се враќаат секојдневно, и покрај препораките. Но, ние не можеме да забраниме. Можеме само да препорачаме, појасни Кличко, јави Униан.

Како што истакна градоначалникот, сè уште не вреди луѓето да се враќаат во градот, затоа што јавниот превоз не работи, а на пунктовите има контроли.

Кличко нагласи дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките од војската, од каде предупредуваат дека постои закана од ракетни напади на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.