До крајот на годината на руската армија ќе и биде достапна првата ракета „Сармат“, изјави претседателот Владимир Путин.

Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Планирано е првиот комплекс да биде ставен во употреба во армијата до крајот на годината – рече Путин за време на говорот пред кадетите од воените средни училишта, што ги прими во Кремљ.

Според карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски експерти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.