Шпанскиот Парламент го поддржа планот на Владата за штедење гас со кој се предвидува намалување на потрошувачката на гас според препораките на Европската Унија, со цел земјата да избегне недостиг наредната зима.

Во летните денови се препорачува приватните компании и владините агенции да не ги ладат своите простории под 27 степени, а зиме да ги згреат максимално до 19.

Исто така, светлото на излозите и во празни објекти треба да се исклучи од 22 часот.

Таквите мерки ќе ѝ овозможат на Шпанија да ја намали потрошувачката на гас за седум отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.