„Финска ќе помине преку барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и на Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.
Имаме причина да поминеме преку она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори, изјави Нинисто на новинарите, според „Ројтерс“.
По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека неговата земја ќе го блокира пристапот на двете земји во алијансата, обвинувајќи ги дека „заштитуваат терористи“. Тој побара израчување на членови на Работничката партија на Курдистан, која во Турција, САД и ЕУ се смета за терористичка организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.