Кинескиот претседател Кси Џинпинг отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина.

Пекинг инвестираше 1,3 милијарди долари во проектот, кој се очекува да генерира 4,5 милијарди долари годишно и да отвори 8.000 работни места.

Кси рече дека Чангчаи, длабокоморско пристаниште со 15 докови, е успешен почеток на „Поморскиот пат на свилата на 21. век“ и дел од Кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Кина е подготвена да работи со перуанската страна за да го земе проектот Чангчаи како почетна точка за создавање нов морски-копнен коридор меѓу Кина и Латинска Америка и поврзување на Големата патека на Инките“, порача Кси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.