Кина денеска соопшти дека вовела санкции за две американски компании за производство на воена опрема поради продажба на оружје на Тајван, кој го смета за отцепен остров што мора да биде вратен дури и со сила.
Со санкциите се замрзнуваат средствата на „Џенерал Атомик Аеронаутикал Системс“ и „Џенерал Динамик Ленд Системс“ во Кина. Со оваа мерка се забранува и влез на менаџментот на тие фирми во земјата.
„Џенерал Динамик“ му помага на Тајван да купи тенкови „Абрамс“ за да го замени стариот тип со цел да се одврати или да се спротивстави на инвазијата од Кина.
„Џенерал Атомик“ ги произведува беспилотните летала „Предатор“ и „Рипер“ што ги користи американската војска.
Кинеските власти не кажаа ништо за наводната вмешаност на компаниите во испораката на тоа оружје на Тајван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.