Кинеската војска, во услови на ризик од конфликт со САД, почнала да моделира сценарија за „тотална војна“

Како што пишува „Саут Чајна пост“, Кина работи на сценарија во кои земјата е нападната од хипотетички „син сојуз“.

„Тотална војна“ подразбира дека сите расположливи ресурси и можности на земјата ќе бидат мобилизирани за да се постигне победа. Ваквите сценарија ги земаат предвид не само можностите на војската, туку и улогата на цивилното население и економијата на државата.

Според публикацијата, потенцијалниот непријател не е наведен во документите, но меѓу нејзината воена опрема се појавуваат разурнувачи на американската морнарица од класата „Арлеј Бурк“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.