Кина и Русија ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД, која имаше за цел да бидат заострени санкциите кон Cеверна Кореја, како одговор на нејзиното најново лансирање на интерконтинентална балистичка ракета.
Гласањето во 15-члениот Совет за безбедност беше 13 према 2 и ја означи првата сериозна поделба меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето за резолуцијата за санкции за Cеверна Кореја.
Советот воведе санкции по првата нуклеарна проба на Cеверна Кореја во 2006 година и ги заоструваше во текот на годините, барајќи да ги запре нејзините нуклеарни и балистички ракетни програми.
Амбасадорката на САД, Линда Томас-Гринфилд, апелираше на единство пред гласањето, нарекувајќи ги шесте тестирања на Интерконтинентални балистички ракети на Cеверна Кореја оваа година „закана за целата меѓународна заедница“.
Кина го повтори своето противење на новите санкции пред гласањето.
Кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Јун, порача дека Кина не верува дека дополнителните санкции би биле корисни во одговорот на моменталната ситуација.
Наместо тоа, Кина ги повика САД да преземат „значајни, практични активности“ за да го продолжат дијалогот со земјата и да најдат политичко решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.