Кинеските власти соопштија дека упатиле строго предупредување до американските власти поради евентуална посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, пишува „Фајненшл тајмс“.
Кинеската страна во повеќе наврати јасно им стави до знаење на САД дека силно се противи на посетата на спикерката Пелоси на Тајван. Ние сме целосно подготвени за одговор. Ако САД го продолжат својот курс Кина сигурно ќе преземе цврсти и силни мерки за зачувување на својот национален суверенитет и територијален интегритет, а САД треба да бидат одговорни за какви било сериозни последици – порачува портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан на брифинг.
Потенцијалната посета на американскиот официјален претставник доаѓа кога Тајван се соочува со притисок од Кина. Во американската администрација има поделби околу тоа дали Пелоси треба да го посети Тајпеј, тврдат два извори запознаени со ситуацијата, пишува „Фајненшл тајмс“.
САД немаат официјални дипломатски односи со Тајпеј, но имаат закон според кој Вашингтон се обврзува да му обезбеди на Тајван средства за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.