Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, коментирајќи ја заедничката изјава на Г7 за подготвеноста за воведување санкции кон Москва, изјави дека едностраните санкции против Русија само ќе ги зголемат раздорот и конфликтот околу Украина.

Во сегашната ситуација, едностраните санкции можат само да ги зголемат поделбите и застојот. Кина ги повикува сите страни да дејствуваат рационално, да ја решат кризата во Украина преку дијалог и преговори – изјави Ванг.

Кинескиот претставник истакна дека дека драматизацијата на ситуацијата и шпекулациите за војна се неодговорно однесување.

Санкциите и притисоците нема да помогнат во решавањето на ситуацијата, а промовирањето на блокадата води само до стариот пат на Студената војна – изјави Ванг.

Вчера министрите за финансии на Г7 ја повторија својата подготвеност да воведат санкции кон Москва со „широки и непосредни последици“ за руската економија во случај на инвазија на Украина.

Секоја агресија на руската армија против Украина ќе наиде на брз и координиран одговор – наведе Групата на седум индустриски најразвиени земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.