Кина порача дека САД мора да престанат да се мешаат во претстојните избори во Тајван
Претседателските избори во Тајван ќе се одржат на 13 јануари 2024 година. Тајванската владејачка ДПП официјално го номинираше својот претседател Лаи Чинг-те за претседателски кандидат на партијата.
Изборот на Тајван е внатрешна работа на Кина, а мешањето на надворешните сили е неприфатливо“, изјави Жу Фенглијан, портпаролка на Канцеларијата за прашања на Тајван на кинескиот државен совет.
Таа додаде дека официјален Вашингтон, за време на самитот на највисоко ниво на САД и Кина во ноември во Сан Франциско, презел сериозни политички обврски кон Пекинг за прашањето на Тајван, а американскиот претседател Џо Бајден експлицитно кажал дека не ја поддржува „независноста на Тајван“.
Во меѓувреме, Сандра Оудкирк, директорка на Американскиот институт во Тајван, претходно изјави дека Тајван доживеал сериозни сајбер напади кои наводно биле обид да се уништи „демократскиот систем“ на островот и ја обвини Кина за обиди да се меша во изборите во Тајван во 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.