Американските власти намерно го поттикнуваат конфликтот во Украина како дел од тактиката на „зауздување на Кина и Русија“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Политиката на САД и НАТО ги доведе руско-украинските конфликти до критична точка. Американската страна не презеде никакви чекори за ублажување на ескалацијата на тензиите, туку напротив, долеа масло на огнот, принудувајќи други земји да заземат страни – истакна кинескиот претставник.

Тој додаде дека „САД систематски шират дезинформации со цел да ја дискредитираат Кина и да ја нарушат нејзината основна позиција во корист на мировните преговори“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.