Кинези повикуваат на бојкот на „Матрикс: Воскреснување“, откако Кијану Ривс се приклучи на добротворниот концерт за поддршка и промовирање на културата на Тибет.

Народна Република Кина го анектираше Тибет во 1950 година, што доведе до прогонство на Далај Лама. А, според него, Комунистичката партија ги угнетува луѓето и нивната култура во таа област. Поддршката на Ривс за културната организација, основана во 1987 година на барање на тибетскиот лидер Далај Лама, предизвика негодување и гнев кај дел од Кинезите.

За прв пат одржан 1989 година, концертот на „Куќата на Тибет“ во САД има за цел собирање средства за поддршка на работата на културната амбасада. Се оддржува заедно со тибетската Нова Година, којашто традиционално се одбележува со Фестивалот на молитвата Монлам.

На настанот годинава свое присуство ќе имаат и Пети Смит, Џејсон Исбел и Иги Поп.

Филмот „Матрикс 4“ се појави во кината во декември, заработувајќи 7,5 милиони долари во Кина само првиот викенд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.