Градоначалникот на Киев, Витали Кличко потврди дека рано утрово биле пријавени „неколку експлозии“ во главниот град на Украина.

Неколку експлозии во областа Шевченков – во центарот на главниот град. Сите служби се на терен. Детали подоцна, напиша Кличко на Телеграм.

Има загинати и повредени, соопшти итната помош од регионот.

Сведок изјавил за новинската агенција Ројтерс дека по експлозијата во зграда во центарот на градот се кренал црн чад. Други објавија слики на социјалните мрежи наводно од градот, а некои тврдат дека „ракетниот напад бил соборен“ од украинските сили. Киев е главно мирен од почетокот на војната, а линијата на фронтот се движи кон исток и југ.


Антон Герашченко, висок украински советник на министерот за внатрешни работи, утринава преку Телеграм објави дека „Киев бил нападнат од беспилотни летала камикази“. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко додаде дека една ракета паднала „точно во центарот на градот“. „Автомобилите горат, а прозорците на куќите искршени. Има мртви луѓе“, напиша тој на Твитер утрово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.