Cеверна Кореја во текот на ноќта меѓу саботата и неделата истрела две нови балистички ракети во морето, што претставува седмо вакво лансирање во последните две недели.

Лансирањата на севернокорејските ракети во последните недели претставуваат нуклеарни тактички вежби, што беa лично надгледувани од лидерот Ким Џонг-ун – јави севернокорејска агенција КЦНА.

КЦНА obјави дека лидерот Ким, од 25 септември до 9 октомври, лично ја надгледувал и водел обуката на единицата за тактички нуклеарни операции во земјата.

Воените единици задолжени за употреба на тактичко нуклеарно оружје „одржаа воени вежби од 25 септември до 9 октомври за тестирање и оценка на нуклеарното одвраќање и способностите за нуклеарни контранапади на земјата, што е сериозно предупредување за непријателите –  соопшти КЦНА.

Агенцијата ги нарече вежбите „одговор на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја во регионот, кои дополнително ги зголемуваат тензиите додека отворено претставуваат воена закана за Cеверна Кореја“.

Седумте ракетни лансирања што ги изврши Cеверна Кореја во изминатите две недели беа вежби кои симулираа вистинска војна. Ким Џонг-ун… спроведе воени вежби на терен – додаде КЦНА.

Додека севернокорејските разговори за разоружување одамна се во ќорсокак, Пјонгјанг од почетокот на годината ги засилува вежбите и минатата недела лансираше балистичка ракета над Јапонија, прва во последните пет години.

Бројни експерти и официјални лица проценуваат дека Cеверна Кореја веќе ги завршила подготовките за нова нуклеарна проба, што би била седма во нејзината историја и прва од 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.