Над 5.000 руски војници се опколени во градот Лиман, регионот Доњецк во Украина. Ова го соопшти преку Телеграм Сергиј Гајдаи, шефот на регионалната воена управа на Луганск, пренесе Укринформ.

Руските трупи стационирани во Лиман апелираа до нивната команда да се повлечат, но беа одбиени. Повеќе од 5.000 војници на Руската Федерација се опколени, се вели во објавата.

Според Гајдаи, непријателите ќе се обидат да ја пробијат опсадата или да се предадат. Според него, за нив се затворени речиси сите патишта преку кои би можеле да се повлечат или да добијат дополнителна муниција.

Украинската артилерија го блокираше единствениот преостанат начин за повлекување на руските сили од областа и отвори оган врз војниците кои бегаат, објави УНИАН, повикувајќи се на видео снимки и коментари споделени од воени блогери.

Според американскиот институт за проучување на војната, бранителите на Украина ќе го вратат Лиман во рок од три дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.