Руските сили извршиле повеќе од 1.800 воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец.

Дополнително, стотици проектили се испукани врз украински цели од земја и вода, вклучително 175 „Искандер“ ракети и 183 „Калибар“ проектили, објави украинското Министерство за одбрана.

Според украинскиот Генералштаб, сепак, руските сили се соочуваат со големи проблеми со снабдувањето. Дополнително, неколку производители на оружје во Русија се принудени да го запрат производството делумно или целосно, како последица на западните санкции од Москва.

Речиси 16 илјади руски војници се убиени од почетокот на војната на 24 февруари, покажуваат украинските проценки, иако овие бројки не може независно да се потврдат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.