Фаиза Хашеми Рафсанџани, ќерката на починатиот поранешен ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, е осудена на пет години затвор, соопшти денеска нејзиниот адвокат.

Адвокатот не соопшти повеќе детали, освен дека пресудата не е правосилна, но се знае дека јавниот обвинител во Техеран ја обвини Фаиза Хашеми за „пропаганда против системот“, пренесува агенцијата ИСНА, пренесува „Ројтерс“.

Минатиот септември, иранските државни медиуми објавија дека таа била уапсена за „поттикнување немири“ во Техеран, за време на протестите предизвикани поради смртта на младата курдска девојка, Махса Амини, во полициски притвор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.