Турскиот заменик министер за образование Назиф Јилмаз на Твитер му напиша на Бенјамин Нетанјаху дека „ќе умре“, споделувајќи ја снимката од израелските напади на Газа.
Еден ден ќе те застрелаат и тебе. Ќе умреш, напиша Јилмаз како одговор на видеото објавено од Нетанјаху за израелските воздушни напади врз Газа.
Нетанјаху требаше да ја посети Турција во следните месеци, откако го одложи патувањето во јули затоа што му беше вграден пејсмејкер, објави „Тајмс оф Израел“. Минатиот месец Ердоган се сретна со Нетанјаху во Њујорк на првата позната средба меѓу двајцата лидери.
Односите меѓу Израел и Турција се одмрзнаа минатата година по долгогодишно непријателство меѓу лидерите на двете земји, главно поради поддршката на Турција за Хамас, пишува весникот.
Неименуван висок турски функционер денеска изјави дека неговата земја, која историски имала контакти со Хамас, води преговори за ослободување на цивилите што ги држи палестинската милитантна организација.
Турција води преговори за цивилите кои ги држи Хамас. По наредба на претседателот РеџепТајип Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции – изјави неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.
Во петте дена од почетокот крвавите судири на Блискиот исток животот го загубија над 2.300 луѓе. Според израелските и палестинските власти, во Израел се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати Палестинци е над 1.100. На двете страни на фронтот има повеќе од 5.000 ранети. Денеска започна шестиот ден од воените операции меѓу израелските воени сили и Хамас, а во војната е вклучена и либанската паравоена формација Хезболах, која е на страната на Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.